Семејството на убиениот Американец не го обвинува изолираното племе

Семејството на Американецот Џон Ален Чау кој беше убиен со стрели од припадници на изолирано племе на Андаманските Острови, соопшти дека им простува на домородците и дека не ги обвинува за убиството.

„Тој го сакаше Бога, животот, сакаше да им помага на оние на кои тоа им беше потребно и чувствуваше само љубов кон Сентинелезите“, стои во соопштението.

Семејството додава дека 27-годишниот Чау отишол на островот „своеволно“.

„Повикуваме да бидат ослободени пријателите кои нашиот син ги стекна додека патуваше. Тие не треба да бидат обвинети за нешто што нашиот син го направи своеволно“, велат тие, алудирајќи на фактот дека седумте рибари кои го однеле Чау до островот се уапсени.

Нелегално е да се стапува во каков било контакт со изолираните и загрозени андамански племиња бидејќи се ризикува да се заразат нивните припадници со болести од модерниот свет.

Се проценува дека на островот живеат околу 50 до 150 припадници на племето Сентинелези кои се отсечени од цивилизацијата по нивна волја.

Рибарите кои го однеле Чау на островот рекле дека откако бил погоден со стрели, Американецот продложил да оди по плажата. Потоа домородците му врзале јаже околу вратот и го влечеле, но се исплашиле и побегнале, оставајќи го неговото тело на плажата.

Телото е уште на островот

Телото на Чау уште не е земено од островот. Ова е тежок случај за полицијата која не смее да се доближи до островот, а не смее ни да ги уапси домородците.

„Се држиме на извесно растојание од островот и уште го немаме најдено телото. Ова ќе потрае неколку дена“, изјави полицискиот началник Депендра Патанк за новинската агенција AFP.

Полицијата побара помош од експерти, меѓу кои и антрополози, за да им помогнат во истрагата.

„Мораме да внимаваме да не ги вознемириме жителите на островот. Ова е многу деликатен случај и истрагата ќе потрае.“

Кој е Џон Ален Чау?

Локалните медиуми објавија дека Чау најверојатно сакал да се сретне со припадници на племето и да им проповеда христијанство. На социјалните мрежи, младиот човек се претставувал како ентузијаст за патување и авантури.

„Сакам да истражувам“, изјавил Чау за Outbound Collective пред четири години, пренесува BBC. „Без разлика дали се работи за авантура низ густа прашума или наоѓање водопади во џунгла или само скитање низ град за да се чувствувам подобро, во секој случај, во суштина сум истражувач“, рекол тој.

Според досега достапните информации од полицијата и новинарот Субир Баумик чија специјалност е овој остров, Чау го имал посетено островот четири-пет пати претходно.

Патанк за индискиот вебсајт News Minute изјави дека Чау живеел во Алабама, САД и дека бил „некаков лекар“.

„Луѓето мислеа дека е мисионер бидејќи зборуваше за Господ, а кажуваше дека е верник и на социјалните мрежи. Но, не беше мисионер. Беше авантурист. Неговата намера беше да ги запознае домородците“, изјави негов близок пријател.

Во интервјуто што го дал за Outbound Collective во 2014 година, рекол дека работи како фудбалски тренер во Ванкувер и дека уште од мал бил фасциниран од необични патувања.

Тој исто така рекол дека инспирација му се мисионерот Дејвид Ливингстон и Исус. Во тоа интервју тој вели дека најголема желба му е да се врати на островот.

„Таму има многу што да се види и да се направи“, сметал тој.

Доближувањето на племињата е опасно и противзаконско

Локалните служби нагласуваат дека племето живее на овој остров изолирано веќе 55.000 години и дека нема развиено отпорност на болестите на развиениот свет, како грип или сипаници.

Во 2017 година индиската влада го прогласи за нелегално и фотографирањето и снимањето на домородните племиња на Андаманските Острови и законот предвидува казна затвор до три години за кршење на овие правила.

Survival International вели дека Чау можел да им пренесе болести на домородците што би можеле да ги убијат.

Локалната полиција рече дека Чау дошол со рибарите на островот во текот на ноќта и дека им носел подароци на домородците како фудбалска топка, рибарски мрежи и ножици.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Read more

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе