Тенис

Серена Вилијамс: Додека игра Федерер, ќе играм и јас

4. ноември 2019 - 20:33 | МИА

Американската тенисерка Серена Вилијамс има 38 години. Таа е еден месец помлада од Роџер Федерер и вели дека ќе игра активно, сè додека во машка конкуренција се натпреварува и Швајцарецот.

Вилијамс која е 23-кратна победничка на Грен слем турнири, смета дека се смениле работите од пред 10 или 20 години, па сега и 40-годишни спортисти играат без проблем, нешто што речиси не било можно во минатото.

„Додека игра Федерер, ќе играм и јас. Гледаме дека има 40-годишни спортисти, нешто што не се гледаше пред една или две декади. Јас сум од онаа нова генерација која има среќа да користи модерна технологија и спортска опрема. Знаеме како да се грижиме за телото. Се чувствуваме помлади отколку што сме“, вели Вилијамс.

Коментирај