Северна Кореја лансираше ракета со долг дострел

Северна Кореја ја лансираше ноќта кон неделата по средноевропско време ракетата со долг дострел и покрај санкциите од Обединетите нации кои ѝ забрануваат употреба на балистичка ракетна технологија, објавија  јужнокорејското министерство за одбрана и јапонската влада.

Северна Кореја ги извести соодветните агенции на Обединетите нации дека планира да лансира ракета која со себе во орбитата ќе искачи сателит за набљудување на Земјата, во периодот меѓу 8-ми и 25-ти февруари, но во саботата ја промени одлуката за 7-ми и 14-ти февруари, а експертите претпоставија дека лансирањето ќе следи веќе во недела.

Тоа предизвика жестоки реакции од Јужна Кореја и Јапонија, која распореди и разурнувачи во Кинеското Источно Море за соборување на ракетата доколку претставува опасност за јапонската територија, како и на новиот сојузник САД, кои сметаат дека станува збор за тестирање на балистички проектил со долг дострел кој може да понесе нуклеарна боева глава и да достигне до американските брегови.

„Северна Кореја лансираше ракета со „сателит“ во насока на префектурата Окинава. Силите за самоодбрана (официјалниот назив за јапонската армија – з.р) од утрото во неделата се подготвени за пресретнување на ракетата, доколку летот ја загрозува територија на Јапонија“, се истакнува во соопштението на кабинетот на јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Јапонската телевизија NHK објави дека ракетата била лансирана кон југ, како што било планирано, и оти го надлетала јужниот јапонски остров Окинава. Потоа траекторијата на летот претпоставува прелет во близина на островот Сакишима, а откако првата фаза паднала кај јужнокорејскиот брег, втората фаза од ракетата треба да падне во Тихиот Океан во водите на Филипини, според податоците што Пјонгјанг ги доставил до Меѓународната унија за телекомуникации и Меѓународната поморска организација (IMO).

Пјонгјанг го извршил лансирањето на проектилот со долг дострел од полигонот за тестирања Сохеи во северозападниот дел на Северна Кореја. Лансирањето се случило во 9,31 часот по локално време, односно 1,16 часот во неделата по македонско време, објави јапонската влада преку системот за предупредување Ј-Alert.

Министерството за одбрана на Јужна Кореја објави дека првата фаза од балистичкиот проектил паднал во Жолтото Море, во близина на јужнокорејскиот брег. Според податоците на министерството, неколку минути подоцна во областа на јужнокорејскиот остров Чеџудо се урнал елемент од заштитниот екран, кој се инсталира околу сателитот, пренесува јужнокорејската агенција Yonhap.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави дека лансирањето од страна на Пјонгјанг е „апсолутно неприфатливо“. „Лансирањето на ракета со долг дострел претставува кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН. Повеќепати од Северна Кореја баравме да покаже воздржаност“, изјави Абе за новинарите на брифинг во неговиот кабинет.

Елементи од проектилот не предизвикале никакви штети на територијата на Јапонија, изјави на вонредната прес-конференција генералниот секретар на јапонската влада Есихиде Суга. „До моментов елементи од ракетата не паднале на наша територија“, рече Суга. Поради тоа јапонското министерство за одбрана не преземало дејствија за пресретнување на севернокорејскиот проектил или уништување во воздух на неговите елементи, додал министерот за одбрана Гин Накатани, потврдувајќи дека тој веќе минал низ воздушниот простор над архипелагот Сакишима.

Точно пред еден месец Северна Кореја објави дека „успешно“ тестирала хидрогенска бомба, но експертите се убедени дека станува збор за четврто тестирање на атомска бомба. Се верува дека Пјонгјанг работи на мали нуклеарни боеви глави кои може да се монтираат на ракетите, но многу стручњаци сметаат дека уште е далеку од усовршувањето на таквата технологија.

Досега Северна Кореја покажа две верзии на балистички ракети кои се слични на типот кој може да го достигне Западниот брег на САД, односно имаат дострел од 10.000 километри, но досега нема докази дека тестирала такви проектили.

Изолираната комунистичка Северна Кореја тврди дека има суверено право да продолжи со својата вселенска програма. Меѓутоа, со резолуциите на Советот за безбедност при ОН тоа ѝ е забрането, поради забраната за нуклеарни и тестирања за употреба на балистичките ракети со долг дострел.

Последен пат Северна Кореја лансираше ракета со долг дострел во декември 2012 година, кога, како што тврди, во орбитата постави телекомуникациски сателит.

Јужна Кореја, САД и Јапонија веднаш по лансирањето во неделата побараа свикување итен состанок на Советот за безбедност на ОН. Дипломати во изјави за Reuters, говорејќи под услов да останат анонимни, рекле дека состанокот веројатно ќе се одржи во 16 часот по средноевропско време во седиштето на светската организација во Њујорк.

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=tCfgLiXZMyw]

 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе