Свет

Северна Кореја тестираше ново „тактичко навигациско оружје“

18. април 2019 - 10:31 | МИА/КАЈГАНА

Северна Кореја соопшти дека завчера тестирала нов тип тактичко навигациско оружје.

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, лично го набљудуваше лансирањето на оружје на Академијата за одбранбени науки.

Ким изјави дека „развојот на вооружениот систем е настан од голема важност за зголемување на борбената способност на Народната армија”.

Соопштението од Северна Кореја доаѓа во момент кога се појавија извештаи дека е забележана активност во истражувачките центри на Северна Кореја, за кои се верува дека служат за развој на ракети со голем дострел, кои би можеле да ја погодат територијата на САД.

Белата куќа соопшти дека е запознаена со настанот, но не коментираше ништо.

Во февруари годинава Ким и американскиот претседател Доналд Трамп се сретнаа во Ханој каде разговараа за денуклеаризација, но преговорите пропаднаа. Минатата недела Ким изјави дека Трамп треба да има „вистински став“ за да може да продолжат разговорите.

Коментирај