Најниска минимална плата во регионот земаат вработените во Република Северна Македонија – согласно со Законот за минимална плата од март, 2019 година, минималната бруто плата се усогласува за 3,3 проценти и од април годинава изнесува 17.943 денари, односно нето 12.507 денари.
Минималецот од 203 евра е најнизок споредено со земјите од регионот, според последните достапни податоци, пишува b92.net.
Во Босна и Херцеговина минималецот изнесува 208 евра, во Албанија 211, а во Црна Гора неодамна беше зголемен на 222 евра.
Во Србија најниската заработка во моментов изнесува околу 230 евра, а следната година се очекува зголемување за околу 11%, така што од 1 јануари, 2020 година ќе порасне на 255 евра.
Некогашните југословенски републики кои добија членство во ЕУ, како Хрватска и Словенија, имаат значително повисоки минимални плати.
Хрватските работници заработуваат најмалку 405 евра месечно, а во Словенија минималецот е значително повисок од просечната плата во повеќето земји од регионот и изнесува 667 евра.