Рецепти

Шафран, најскапиот зачин на светот

21. октомври 2019 - 15:11 | М.С.

За домашните оброци потребно е да ги изберете вистинските состојки и соодветните зачини кои го збогатуваат вкусот.

Мала тегла од најскапиот зачин во светот може да чини и до 6000 долари.

Шафранот е присутен во шпанската, источната, италијанската и индиската кујна, а за него треба да одвоите голема сума пари доколку сакате да го пробате.

Но, зошто е толку скап?

Шафранот е скап затоа што е потребно многу труд за неговото одгледување. Најмногу се одгледува во Грција, Индија, Иран, Италија и Шпанија. Шафранот потекнува од цветот Crocus sativus. Секој цвет има три толчници кои се берат рачно.

Потребни се околу 50.000 до 75.000 цвета, за да се добие само еден килограм шафран, а бербата за тој килограм може да трае и до 20 часа.

На пазарот може да се најде поевтин шафран, но бидете внимателни. Тоа е обично поинаков производ во потполност(мексикански шафран) или шафран кој е помешан со куркума или пиперка.

Коментирај