Шакира го објави спотот за „Chantaje“
Веднаш по освојувањето на Latino Grammy за албум и песна на годината за хитот „La Bicicleta“, Шакира го објави спотот за новиот сингл „Chantaje“.
За само два дена спотот има повеќе од 7 милиони прегледи. Претходно, пејачката ги посвети добиените награди на своите два сина и партнерот Жерар Пике.