Шарапова казнета поради мелдониумот, американска тенисерка мина без санкции

Мелдониум, лекот кој од почетокот на јануари оваа година се наоѓа на листата на забранети супстанци на Меѓународната анти-допинг агенција (WADA), е причината поради која Марија Шарапова е суспендирана од тениските терени. Оваа одлука на WADA не би била спорна, доколку истата таа организација не и дозволила на Американката Варвара Лепченко непречено да игра тенис, иако таа четири пати била позитивна на оваа супстанца.

Германската агенција DPA, објави дека Лепченко, која на ВТА листата се наоѓа на 79-то место, четири пати од почетокот на годината била позитивна на мелдониум, супстанцата поради која е казнета петкратната грен слем шампионка Шарапова. Сепак Лепченко минала без казна.

Лепченко, која настапува за САД е родена во Узбекистан, користела мелдониум, а нејзините допинг тестови направени на 7.јануари, 1. февруари, 1. март и 7.април, биле позитивни на мелдониум.

Објаснувањето на Лепченко е дека таа овој лек го користела до крајот на декември минатата година и дека траги од лекот останале во нејзиниот организам поради што тестовите и биле позитивни.

WADA во своето соопштение вели дека привремената суспензија на Лепченко е укината бидејќи на секој нареден тест нивото на мелдониум во нејзиниот организам опаѓал. Според Меѓународната анти-допинг агенција Лепченко „не ги прекршила правилата со намера, туку со своето невнимание“.

DPA потсетува дека мелдониум е лек кој се произведува во Летонија и ја стимулира циркулацијата на крвта кон срцето.

Инаку, Шарапова тврди дека како дел од терапија го користела лекот додека тој бил легален, а дека нејзина грешка е што не го прочитала дописот на WADA, која ги известила сите спортисти дека овој лек од 1. јануари ќе биде на листата на недозволени средства.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Читај повеќе
  • play_arrow

Падна светскиот рекорд во маратон

Читај повеќе