Шарената револуција со ироничен гест газеше по програмата на ВМРО-ДПМНЕ

Со извици „Оваа Влада не чини“ и скок врз програмата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, демонстрантите од Шарената револуција иронично одговорија на изјавите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој во интервју објаснуваше дека слушнал како на обуки на невладините организации, активистите биле поучувани да се качат на маса и да скокаат врз отчетот на партијата извикувајќи „Оваа Влада не чини“.

Во четвртокот во осумнаесет часот, повторно се собраа демонстрантите од Шарената револуција пред Специјалното обвинителство и дадоа поддршка на оваа институција и нејзината работа.

Потоа заминаа пред зградата на Владата каде на улицата ја напишаа познатата порака од починатиот новинар Никола Младенов „Колку чини слободата. Ние сакаме општество на слободни луѓе. Тие сакаат збирштина од безрбетници и тука нема компромис“.

Не можејќи да се пробијат до владата не ја обоија, но во импровизирана кутија собираа донации за да може да се продолжи со боењето на улиците. На асфалтот го отпечатија ликот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. 

Демонстрантите вечерва повторно го обоија и законодавниот дом, со катапултот со балони во боја со кои го гаѓаа Собранието, додека присутните со големи аплаузи и факели го проследуваа бојадисувањето.

На разглас пред Собранието пуштаа дел од опозициските бомби, а и вечерва се собираа доброволни писмени изјави од демонстранти кои сакаат да се потпишат како хулигани поради учеството на протестите и боењето на институциите.

Демонстрантите на Шарената револуција ги гореа сликите на Митко Чавков, Јелена Жугиќ, Ѓорѓе Иванов и Трајко Вељаноски, бараа оставка, а протестот го започнаа со гумените кукли со лисици на рацете, во ликовите на Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески.

Демонстрантите порачаа дека не отстапуваат од барањата, на улица ќе бидат се додека не се повлече аболицијата и не падне, како што велат, режимската власт. На демонстрантите им се придружија и членови на опозициската СДСМ, кои одржаа и говори во рамки на протестите.

Протести вечерва се одржаа и во Струмица, Крива Паланка, Виница и Куманово.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе