Шарлиз Терон е Мортиша во новиот анимиран филм „The Addams Family“
Морничавото, откачено, несекојдневно, но прекрасно семејство Адамс повторно се враќа на екраните, овојпат преку анимираниот долгометражен филм „The Addams Family“.
Денеска беше објавен првиот тизер трејлер за филмот на MGM во кој гласот на Гомез Адамс го позајмува Оскар Ајзак, Шарлиз Терон е Мортиша, а Клои Грејс Морец е ќерката Венздеј. Фин Волфхард е Пагзли, а Чичко Фестер е Ник Крол.
Тизерот не открива многу за заплетот, освен тоа дека семејството Адамс се сели во нова куќа, но имаме можност да видиме како ќе изгледаат ликовите во симпатично бизарното семејство.