Книги

Шерлок Холмс низ факти: Работи што треба да ги знаете за детективот

7. јули 2014 - 10:52 | М.Т.

Новите генерации ликот на детективот Шерлок Холмс го знаат најмногу благодарение на изведбата на Бенедикт Камбербач во серијата „Sherlock“, како и Роберт Дауни Џуниор во филмовите што ги режираше Гај Ричи. Но, овој популарен книжевен јунак низ годините бил инспирација за голем број адаптации.

Детективот Шерлок Холмс е создаден од страна на авторот Артур Конан Дојл и важи за еден од најомилените фиктивни ликови. Конан Дојл успеа да создаде култен лик кој сега е многу добро познат кај светската јавност и кој на филм и телевизија го имаат портретирано голем број на актери.

Во продолжение неколку интересни факти поврзани со Шерлок.

1. Дракула е единствениот фиктивен лик кој е портретиран во повеќе филмови од Шерлок Холмс.

2. Првото појавување на ликот на Шерлок Холмс на филм било во 1900 година во 30 секунден клип направен за пазарот во САД.

Погледнете го:

3. Сер Артур Конан Дојл бил хирург, се занимавал со бокс и крикет.

4. Шерлок првично требало да се вика Шеринфорд. Дојл името му го дал според играч на крикет.

5. Во 1969 година се одржал натпревар во шах помеѓу Оксфорд и Кембриџ. Победници биле двајца студенти кои се презивале Холмс и Вотсон.

6. Првата книга за Шерлок Холмс не била баш успешна. Станува збор за „Студија во светлоцрвено“ издадена во 1887 година, која Артур Конан Дојл ја напишал на свои 27 години и тоа за само три недели. Книгата била одбиена од многу издавачи, за конечно да биде објавена во магазинот Beeton's Christmas Annual. Се продала во многу мал тираж.

7. По неуспехот на првата книга, Дојл не бил сосема сигурен дека сака да издаде втора. Во ова го убедил уредникот Џозеф Стодарт кој го уредувал Lippincott’s Monthly Magazine. Стодарт на една вечера го убедил Дојл да објави втора книга која би послужила како почеток за серијал. Интересно, на истата вечера бил присутен Оскар Вајлд кој исто така се согласил да напише книга што ќе биде издадена во магазинот - погодувате, станува збор за Сликата на Доријан Греј.

8. Музејот посветен на Шерлок Холмс во Лондон официјално се наоѓа на познатата адреса 221Б Бејкер стрит, но фактички бројот што навистина го зазема музејот на улицата на која се наоѓа е 239.

9. Исто како што Шерлок Холмс не бил првиот избор за името и Џон Вотсон требало да носи поинакво име. Првично, Конан Дојл помошникот на Холмс сакал да го нарече Ормонд Сакер.

10. Артур Конан Дојл ја опишал смртта на Шерлок Холмс во необјавен расказ (The Man Who Was Wanted). Расказот бил најден подоцна, со белешка на која било напишано дека не треба да се објавува.

Коментирај