КУП НА МАКЕДОНИЈА 2019/20

Шкендија го исфрли Вардар од Купот

Дерби пресметката помеѓу Шкендија и Вардар заврши со победа на тетовчани кој продолжуваат во наредната фаза. Таму друштво ќе им прават и актуелниот освојувач Академија Пандев, потоа Брегалница, Лабуништа, Работнички, Шкупи и Струга.

Актуелниот бранител на пехарот немаше проблеми во Кочани против Осогово. Академија Пандев со нова висока победа го потврди пласманот во осминафиналето.

Работнички конечно се израдува на победа. Требаше да дојде Купот и дуел со второлигаш за „Дебармаалци“ да победат. По нерешениот резултат во Битола, овој пат Работнички лесно излезе на крај со Пелистер и со убедлив триумф ги исфрли битолчани од патот кон финалето.

Изненадување приреди штипска Брегалница која е единствениот второлигаш кој успеа да елиминира прволигаш. По минималната победа во Штип, „Сините“ успеаја да одиграат без голови на гости кај „Лавовите“ од Ѓорче.

Силекс имаше водство против Шкупи, кратовчани дури добија и играчка предност откако гостите заработија црвен картон, но сепак чаирчани успеаја да постигнат гол и поради гол на гости да се изборат за пласман во наредната фаза.

Последниот осми патник ќе биде познат утре за кога е закажан реваншот помеѓу Ренова и Тиквеш. Потоа ќе следува и осминафиналната жрепка.

Стадион „Никола Мантов“ во Кочани
Осогово - Академија Пандев 1:4 (1:7 вк.)
Стрелци: 10' Елвир Рамиќ - 5' Михаил Маневски, 51', 59', 68' Марио Крстовски
Судија: Влатко Илиоски (Прилеп)

Стадион „Ѓоче Петров“ во Скопје
Македонија ЃП - Брегалница 0:0 (0:1 вк.)
Судија: Боби Величков (Велес)

Стадион „Силекс“ во Кратово
Силекс - Шкупи 1:1 (1:1 вк.)
Стрелци: 11' Дарко Додев - 72' Марин Јурина
Црвен картон: 50' Бесарт Кривањева (Ш)
Судија: Благојче Ралевски (Битола)

Стадион „Борис Трајковски“ во Скопје
Работнички - Пелистер 4:0 (5:1 вк.)
Стрелци: 32' (п) Себастијан Ерера, 60' Иван Марковиќ, 63' Стефан Јевтоски, 75' Давид Тошевски
Судија: Албрим Шаќири (Струга)

Стадион „Атина Бојаџи“ во Охрид
Охрид - Лабуништа 2:3 (2:5 вк.)
Стрелци: 32' Александар Целески, 57' Никола Секулоски - 4' Пајазит Салиу, 12' Мирлинд Даути, 85' Јасин Казимоски
Судија: Петар Мантев (Неготино)

Стадион „Градска Плажа“ во Струга
Струга - Борец 1:0 (1:0 вк.)
Стрелци: 47' Нијас Лена
Судија: Крумислав Ѓоргиев (Штип)

Стадион „Градски“ во Тетово
Шкендија - Вардар 1:0 (3:2 вк.)
Стрелци: 74' Агим Ибраими
Судија: Марјан Ецкоски (Охрид)

Утре во 13:30:

Стадион „Градски“ во Тетово
Ренова - Тиквеш (2:0 вк.) 
Судија: Дејан Младеновски (Скопје)

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе