Кошарка

Шоу на Џејмс Харден и Расел Вестбрук

1. јануари 2017 - 14:04 | Макфакс

Најдобриот кошаркар на Хјустон, Џејмс Харден, полека излегува од сенката на суперстарот на Оклахома, Расел Вестбрук и ја истакнува кандидатурата за МВП во сезоната. Харден против Њујорк стана првиот играч во НБА историјата кој на еден натпревар остварил најмалку 50 поени и по 15 скокови и асистенции.

Хјустон славеше над Њујорк 129:122, а популарниот „Брада“ мечот го заврши со 53 поени (9/16 за три), 16 скокови и 17 асистенции.

Постигнатите 53 поени се рекордни во кариерата за Харден.

Опонентот на Харден од Оклахома, Расел Вестбрук, изминатата ноќ исто така се запиша во историјата на најсилната лига во светот. Рас го забележа најбрзиот трипл дабл во НБА историјата. Тој за 18 минути и 45 секнди стигна до трипл дабл. Мечот Рас го заврши со 17 поени, 12 скокови и 14 асистенции, што е негов 16-ти трипл дабл во сезоната, вкупно 52-ри во кариерата.

Кливленд победи во Шарлот 121:109, а блескаа Леброн Џејмс на едната и Кемба Вокер на другата страна. Леброн имаше учинок од 32 поени, 6 скока и 9 асистенции, а Вокер постигна 37 поени.

Мемфис постигна 17 тројки од 35 обиди против Сакраменто и славеше 112:98. Во отсуство на Марк Гасол Мемфис го предводеше Мајк Конли со 22 поени. На другата страна се истакна Демеркус Казинс со 26 поени.

Loading the player...

 

Коментирај