Според извештајот од обдукцијата, Мајкл Џексон се наоѓал во катастрофална состојба пред да почине. Извештајот открива дека кралот на попот немал ништо освен таблети во својот желудник.
Иако точната причина за смртта сеуште не е утврдена, извештајот од обдукцијата открива прилично вознемирувачки детали поврзани со здравствената состојба на Мајкл Џексон.
Неговите раменици и бедра биле целосно разранети од убоди за кои се верува дека се резултат од долгогодишно земање инекции, додека на телото биле забележани најмалку 13 пластични операции - пренесува британскиот таблоид The Sun.
Во желудникот на Џеко не била пронајдена ни најмала количина храна, но затоа пак бил полн со таблети. Според извештајот на патологот, Мајкл бил целосно ќелав.
Се открива и дека при обидот за реанимација на Мајкл му биле скршени неколку ребра, како и тоа дека му биле дадени четири инекции во срце. Поточно три, затоа што едната ја промашила целта. На неговите колена биле забележани модринки и неколку исекотини, поради што се верува дека тој неодамна доживеал пад.
Сега, кога е прекасно, се повеќе се поставува прашањето кој всушност е виновен за состојбата во која се наоѓаше Мајкл Џексон и дали некој ќе одговара за лошата грижа.