Шпанците спречија сензација, Франција и Словенија рутински во четвртфинале

Франција, Шпанија и Словенија ѝ се придружија на Норвешка во четвртфиналето на 25 Светско првенство во ракомет. Французите и Словенците забележаа сигурни победи над Исланд односно Русија, додека Шпанците во драматичен финиш го совладаа Бразил.

Шпанија во последните 90 секунди спречи сензација на ракометниот Мундијал и успеа да слави над Бразил со 28:27. Бразилците имаа два гола предност на полувреме, во вториот дел рамноправно се носеа со фаворитот, а Шпанците во последните 90 секунди го решија прашањето на победникот. Најпрвин Ривера погоди за 27:26, а потоа Душебаев за 28:26.

Играчите на Вардар Канељас и Душебаев со по пет голови ја предводеа Шпанија, која во четвртфиналето ќе игра против победникот од натпреварот помеѓу Хрватска и Египет.

Словенија, во второто полувреме, со убедлива игра успеа да слави над Русија 32:26. Словенците второто полувреме го добија со 19:11. Следен противник на Словенците ќе им биде Германија или Катар.

На сличен начин домаќинот Франција се справи со Исланд. Французите имаа 14:13 на полувреме, а на крајот славеа со 31:25. Франција во четвртфиналето ќе игра со победникот од дуелот помеѓу Белорусија и Шведска.

Норвешка, која во осминафиналето славеше над Македонија со 34:24, во четвртфиналето ќе игра против Данска или Унгарија.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Ракомет

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more

Македонските ракометари добија лесна група во квалификациите за ЕП

Read more

РК Пролет реагира на судењето: Криминалното судење против Пролет мора да запре

Read more

Ракометарките убедливо поразени од Шпанија

Read more
 

Спорт

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе