КВАЛИФИКАЦИИ ЗА У19 ЕУРО 2020

Шпанија и Белгија ни стојат на патот до У19 ЕУРО

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 19 години која успешно го мина првиот круг квалификации, во последната фаза за пласман на ЕУРО ќе се бори со силните Шпанија и Белгија, како и со нашиот источен сосед Бугарија.

Предводени од селекторот Горан Станиќ, младите Македонци минатиот месец завршија втори во квалификациската група зад фаворитот Англија и пред Босна и Херцеговина и Луксемборг. Со тоа се изборија за пласман во наредната и последна фаза од квалификациите, наречена Елитна фаза.

Денеска беше направена жрепката за оваа последна фаза каде Македонија беше извлечена во групата 2 заедно со актуелниот шампион Шпанија, Белгија и Бугарија.

Квалификацискиот турнир ќе се игра во Шпанија од 25 до 31 март наредната година. Само првопласираната репрезентација ќе избори пласман на Европското првенство кое од 19 јули до 1 август ќе се игра во Северна Ирска и на кое ќе учествуваат само 8 репрезентации.

„Шпанија е актуелен Европски првак и апсолутен фаворит, посебно што турнирот ќе го организираат на свој терен. Во оваа фаза, едноставно нема лесни противници, кој и да се паднеше на извлекувањето за нас е вистински предизвик. Ќе се обидеме да се надигруваме, натпреварите се можност фудбалерите да се покажат во вистинско светло и да докажат дека имаат квалитет. Ќе биде вистински предизвик за нас и се надевам дека ќе го дадеме својот максимум“, изјави селекторот Станиќ за ФФМ.

Македонија никогаш се нема пласирано на завршницата во У19 категоријата. Не е првпат да стигне до Елитната фаза, но последната пречка никако да се мина. И овој пат ни претстои тешка задача бидејќи Шпанија и Белгија се големи фаворити.

Сите квалификациски групи:

1: Австрија, Велс, Германија, Србија

2: Шпанија, Белгија, Бугарија, Македонија

3: Грузија, Шкотска, Франција, Русија

4: Англија, Украина, Данска, Латвија

5: Италија, Норвешка, Исланд, Словенија

6: Португалија, Турција, Хрватска, Словачка

7: Холандија, Чешка, Швајцарија, Финска

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Read more

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе