Кошарка
ФИБА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КИНА 2019

Шпанија ја урна аргентинската бајка и стана светски шампион

15. септември 2019 - 16:06 | Ф.З.

Репрезентацијата на Шпанија по вторпат во историјата стана светски шампион откако во големото финале во Пекинг ја совлада Аргентина со 95:75.

Аргентинците исто така ја бркаа втората титула светски шампион, но останаа на оној единствен триумф во 2004.

Шпанците уште од почетокот фатија победнички ритам добивајќи ја првата четвртина со 23:14, а на полувреме заминаа со 12 поени разлика.

Во третата четвртина ги урнаа сите надежи на Аргентинците зголемувајќи ја разликата на 19 поени, па во последната четвртина само рутински го довршија натпреварот.

Аргентинците за утеха го имаа најефикасниот во финалето откако Габриел Дек постигна 24 поени, четири повеќе од Рики Рубио.

Ова е втор триумф за Шпанија откако првиот го остварија на Мундијалот во 2006 година исто така на азиско тло, во Јапонија.

Коментирај