Кошарка
ФИБА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КИНА 2019

Шпанија со пресврт ја порази Србија, Јокиќ заработи исклучување

8. септември 2019 - 16:58 | А.С.

Кошаркарите на Шпанија во Вухан ја победија селекцијата на Србија со резултат од 81:69 и така од првата позиција во групата преминаа во четвртфиналето на Светското првенство што се игра во Кина.

Шпанците истовремено одбегнаа дел од жребот во кој беа фаворизирани Американците кои на овој начин најверојатно ќе играат против Србија во полуфиналето.

Сепак, не изгледаше така по првата четвртина во која Шпанците играа очајно и постигнаа само 13 поени. Србија имаше предност од седум поени, но потоа Шпанија „се разбуди“. И тоа како се разбуди!

Шпанците постигнаа 32 поени во втората четвртина, направија целосен пресврт на резултатот и на одмор заминаа со осум поени разлика.

Во второто полувреме Шпанците играа подобро и успеаја пред последната четвртина да дојдат до двоцифрена предност. Голема предност добија со тоа што најдобриот играч на Србија, Никола Јокиќ, поради приговори во средината на третата четвртина заработи исклучување.

Селекцијата на Србија не успеа до крајот на мечот да направи нов пресврт на резултатот и на крај беше поразена со 12 поени разлика.

Шпанија во четвртфиналето ќе игра против Полска, додека Србија за да помине во полуфиналето треба да си ги измери силите со Аргентина.

Коментирај