Авто новости

Шпанска „ѕверка“ со 1.070 коњски сили забрзува до „стотка“ за 2,8 секунди

22. февруари 2019 - 15:13 | А.С.

Шпанскиот производител на суперавтомобили Hispano Suiza го откри својот најнов „ѕвер“.

Станува збор за Maguari HS1 GTC, што го доби името по шпанскиот вид на штрк.

Суперавтомобилот вреден 2,2 милиони евра ќе биде лансиран пролетва.

Со погон на задна осовина, Maguari има V10 твин-турбо мотор со електричен компресор и постигнува моќност од 1.070 коњски сили.

Благодарение на агрегатот што најверојатно е изведен по основа на оној што го користи Lamborghini Huracan, шпанскиот суперавтомобил забрзува од 0 до 100 км/ч за сао 2,8 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 380 км/ч.

Коментирај