Штипјанец во заложништво држел жена и нејзините две малолетни деца

Штип, 23 април 2019 (МИА) – Дваесет и шест годишниот А.М од Штип заработи кривична пријава поради постоење  основи на сомнение дека сторил четири кривични дела, информираше денеска портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова. Тој во залошништво држел 24-годишна жена и нејзините две деца, истовремено извршил и обљуба врз неа, а нападнал и полициски службеник.

„Во временскот период од 11 април до 22 април пријавениот противправно ја држел оштетената Е.М. заедно со нејзините две малолетни деца во стан на улицата „Борис Крајгер“ и во куќа на улица 'Широк дол' во Штип, каде во повеќе наврати физички ја нападнал, а извршил и обљуба над оштетената. На 22 април околу 13.30 часот на ул 'Широк Дол' во Штип, при вршење службени работи лишување од слобода на пријавениот, тој физички нападнал полициски службеник од Полициската станица Штип“, вели Панајотова.

Таа додава дека СВР-Штип до Основното јавно обвинителство има поднесено кривична пријава против А.М од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторил четири кривични дела и тоа „противправно лишување од слобода“, „силување“ „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „загрозување на сигурноста“.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Хроника

Малолетник избоден на Бит-пазар, напаѓачите му барале пари

Read more

Кумановец уапсен за дрога истепал полицаец и оштетил инвентар во станицата

Read more

Скопјанец ја нападнал сопругата на нејзиното работно место и ѝ го одзел прометот

Read more

Пожар во Тетовско во објект со инкубатори, угинале 4.000 пилиња

Read more
 

Вести

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Читај повеќе