Фитнес & Здравје

Што да јадете ако имате проблем со штитната жлезда?

15. август 2019 - 11:15 | М.С.

Проблемот со штитната жлезда е сè почест, па поради тоа научниците даваат корисни совети за начинот на исхрана доколку се борите со некој вид на пореметување на оваа ендокрина жлезда.

Штитната жлезда е составен дел на ендокриниот систем. Тоа е мала жлезда која е сместена на предниот дел на вратот, а важна е затоа што игра витална улога во подржување на бројни телесни функции како што се контрола на температурата на телото, брзината на метаболизмот и нивото на енергија.

Најчестото пореметување на работата на штитната жлезда е хипотиреоза или слаба функција. Хипотиреоидизам е обично предизвикан од автоимуната болест позната како Хашимото, пишува superzena.b92.net.

Хипертиреодизам, или прекумерна активна функција на штитната жлезда е зголемено лачење на хормоните T3 и Т4. Симптомите на хипертиреоза можат да предизвикаат губење на тежината, висок крвен притисок, пролив и забрзана работа на срцето.

Селенот е неопходна компонента на ензимот одговорен за претворање на Т4 во Т3. Селенот го балансира јодот, затоа што високото ниво на јод доведува до уништување на ќелиите на штитната жлезда. Важно е секојдневно внесување на храна богата со селен, како што се јаткасти плодови, конзервирана туна, лосос, скуша, сардина.

Витамин Д

Адекватното ниво на витамин Д се поврзува со помалата веројатност за развој на  болеста Хашимото. Нивото на витамин Д треба да се проверува во редовни интервали. Главниот извор на витамин Д е во рибата, полномасното млеко, јајца, бадеми.

Безглутенска диета

Откако ќе се усвои диета без глутен, автоимуните маркери за болеста исчезнуваат, па од голема важност е тестирањето да претходи на промените во исхраната. Ако тестот излезе негативен, следи пробна диета без глутен со акцент на природна храна: овошје и зеленчук, пченка, ориз, јаткасти плодови, семки, риба, пилешко, црвено месо.

Коментирај