Што да не правите ако сакате да се смирите со бившиот?

Смирувањето со поранешните партнери не е ништо ново или спектакуларно, но некои жени спектакуларно си ги уништуваат шансите да се вратат во врска со саканиот со нивните постапки по раскинувањето.

Иако старата изрека вели „Скршеното се лепи, но пак се познаваат пукнатините“, ако веќе сте се решиле дека има причина за помирување и доволно љубов за да се обидете пак да ја обновите врската, овие работи нема да ви помогнат во тоа:

Безброј повици и пораки: Ако последните 10 повици и 200 пораки во инбокс (СМС, Messenger, Viber, WhatsApp) му се од вас, и да сака да се смирите ќе се почувствува загушено. Ако му треба простор, дајте му го. Ако и после паузата уште сакате да бидете заедно (и двајцата), тогаш чекањето вредело.

Опсесивно следење на социјални мрежи: Вниманието годи речиси секому, но ако се премине границата може да делувате како напорен манијак и ризикувате да го „задушите“ дечкото (нешто слично како во првата точка). Штедете ги лајковите и не го ставајте бившиот во Close Friends. Исто така не му коментирајте на секоја објава, посебно не со навраќање спомени од вашите среќни моменти заедно.

Случајни средби: Сите знаеме дека не се случајни. Вие знаете, тој знае, неговите другари знаат. Бевте заедно, знаете каде излегува, каде вежба, каде пие кафе... не се најдовте случајно во пилјарата кај него пред зграда, нели?

Испитување на пријателите: Ова не е војна, не мора да земате воени заробеници. Овие кутри луѓе не се виновни што вие си играте топло-ладно и не се должни да даваат извештаи за тоа кој колку е среќен/несреќен без другиот и каде планира да излегува и да оди на одмор.

Јавни исповеди: Никој не сака да ги знае деталите за вашата врска и причините зошто сте раскинале и зошто треба да бидете заедно засекогаш, а посебно не колешките на другарката, шанкерот каде што излегувате и луѓе во автобус. Вашата приказна е ваша работа и ако сакате да продолжи, чувајте си ја за себе.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе