Фитнес & Здравје

Што да вежбате доколку мразите џогирање?

16. август 2019 - 9:52 | М.С.

Кардио тренингот е одличен за ослабнување и одржување кондиција. Но, доколку не го сакате џогирањето, тогаш ќе ве израдува фактот дека и други тренинзи се еднакво ефикасни.

Едноставно, најефикасен тренинг е оној во кој највеќе уживате и кој се поклопува со вашите цели.

На пример, ако не го сакате џогирањето, помали се шансите дека ќе заминете на таков вид на тренинг, но, ако правите нешто што го сакате, тогаш ќе вежбате барем 40-60 минути.

Возење велосипед

Ова активност многу луѓе ја сметаат за терапевстка затоа што не ги исцрпува премногу. Доколку сакате да постигнете поголеми резултати, возете по угорници.

Пливање

Пливањето е одлична вежба за целото тело, а особено е добра за здравјето на зглобовите. Исто така, одлична е за луѓе кои се здобиле со повреда, па поради тоа не можат да вежбаат, а пливањето може да им помогне да одржат кондиција и побргу да оздрават.

Кикбокс

Освен тоа што овој спорт е забавен и одличен начин да се ослободите од стресот и негативната енергија, тоа е добар тренинг за целото тело. Инструкторите велат дека на овој тренинг стомачните мускули работат најмногу, плус помага да се чувствувате посилни.

Коментирај