Што ќе значи спојувањето на двете водечки банки во Швајцарија?

Спојувањето на двете водечки банки, UBS и Credit Suisse, создаде „нови ризици и предизвици“ за швајцарската економија, предупреди Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Аквизацијата можеби ја зачувало финансиската стабилност, рече ОЕЦД во економските изгледи за Швајцарија, но исто така покренува прашања за доминацијата на UBS во матичната земја и потребата од посилна финансиска регулација во иднина.

Најголемото спојување на банките од глобалната финансиска криза, управувано од швајцарската држава за да го спречи колапсот на Credit Suisse, создаде група чии средства го надминуваат бруто домашниот производ (БДП) на Швајцарија.

„Аквизацијата на Credit Suisse од страна на UBS со помош на државата... де факто ја заузда сè поизразената криза во Credit Suisse и ги намали ризиците од прелевање, со што ја зачува финансиската стабилност, но предизвика нови ризици и предизвици“, велат од ОЕЦД.

„UBS, дури и пред спојувањето на глобално важна системска банка, на тој начин стана уште поголема и мора да исполни уште построги регулаторни барања во согласност со прописите за ‘банките кои се премногу важни за да пропаднат’ (Too Big To Fail - TBTF)“, се додава.

Одборот за финансиска стабилност, група централни банкари, државни службеници и регулатори од групата 20 водечки светски економии (Г20), во февруари го истакна ризикот што колапсот на UBS ќе го предизвика за Швајцарија и го повика Берн да ги зајакне контролните механизми.

Швајцарската влада се подготвува да поднесе предлози во следните неколку месеци за заострување на регулативите за големите банки, вклучително и поголеми овластувања за главниот супервизор FINMA, кој бара подобри инструменти. ОЕЦД е загрижен за конкуренцијата, имајќи предвид дека новоформираната банка има приближно 25 отсто удел во домашните депозити и заеми, покажуваат податоците на швајцарската централна банка.

Швајцарската комисија за конкуренција се залага за подетална истрага за доминацијата на UBS на одредени делови на пазарот, објави Reuters во февруари. Извршниот директор на UBS, Серџо Ермоти, ги отфрли предупредувањата на критичарите за големината на заемодавачот, велејќи дека е со низок ризик и подобро диверзифициран по купувањето на Credit Suisse.

Извештајот на ОЕЦД, исто така, посочува дека напорите на инвеститорите кои бараат компензација за отпишаните 16 милијарди франци во дополнителните хартии од вредност на Credit Suisse Tier 1 (AT1) може да резултираат со „скапи судски спорови и неизвесни резултати“. Швајцарската влада потврди дека ја забележала анализата на ОЕЦД и препораките дадени во извештајот.

Во своите економски прогнози за Швајцарија, ОЕЦД предвидува економски раст од 0,9 отсто во 2024 година и 1,4 отсто во 2025 година, послаб од долгорочниот просек од 1,8 отсто и владините прогнози од 1,1 и 1,7 отсто, соодветно. „Слабата странска побарувачка, построгите услови за финансирање и зголемената неизвесност тежат на економијата“, се вели во извештајот на организацијата со седиште во Париз.

Тие, сепак, додадоа дека силниот швајцарски пазар на труд треба успешно да ги апсорбира „големите“ загуби на работни места од спојувањата на банките. Екстремно скапиот швајцарски пазар на недвижности, како што наведуваат од ОЕЦД, покажува знаци на заладување, со континуирани слаби точки, имајќи предвид дека недвижностите се преценети и до 40 отсто.

Цената на просечниот стан во Швајцарија порасна на нешто повеќе од еден милион швајцарски франци (1,13 милиони долари), според швајцарската база на податоци за недвижности. Во Цирих, стан чини 1,8 милиони франци во просек, во споредба со 1,2 милиони франци во 2013 година.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе

Грција воведува шестдневна работна недела

Читај повеќе