Авто новости

Што ќе прави Volkswagen со „гробницата на дизел возила“?

5. декември 2018 - 11:01 | А.С.

Повеќе од 350.000 дизел возила на Volkswagen моментално се наоѓаат во најголемата „автомобилска гробница“ во Америка и пошироко.

Наскоро, поголемиот дел од нив ќе се вратат во живот.

Илјадници откупени возила на Volkswagen моментално собираат прашина на околу 37 собиралишта низ САД.

Наскоро ќе тргнат кон нивните нови сопственици, а претходно Volkswagen ќе избере кои од нив има логика да се средуват и да се враќаат на пазарот.

Останатите ќе бидат отпишани и пратени на рециклирање.

Портпаролот на Volkswagen за Autocar изјави дека автомобилите наскоро ќе почнат да се враќаат на пазарот и нагласи дека „дизелашите“ повторно се барани, па компанијата постепено ќе ги враќа „измиени од гревот“.

Коментирај