Останати спортови

Што мисли Мајк Тајсон за враќање во боксот?

17. октомври 2019 - 16:59 | Кајгана/МИА

Мајк Тајсон одговори на гласините дека може да се врати во боксот.

– Малку е веројатно да се вратам во рингот, но сепак сум во форма. Сакам да гледам бокс, да размислувам за тоа, да комуницирам со новата генерација на борци. Брзината и моќта се сè уште со мене, изјави 53-годишниот Тајсон за Sun.

Тајсон ја заврши кариерата на 11 јуни 2005 година. Тој има 50 победи и 6 порази. Судејќи по видеата тој е во одлична форма и според многумина важи за најопасниот човек во светот.

Коментирај