Што мисли Тоти за најголемиот трансфер во Италија?

За легендарниот Франческо Тоти денешните фудбалери се како номади кои трчаат по пари. Фудбалерот кој целата кариера ја мина во Рома вака го коментираше потегот на Игуаин кој за 90 милиони евра се пресели од Наполи во Јувентус.

Тоти е еден од ретките фудбалери што никогаш во својата сениорска кариера не го смениле клубот. Тој е со Рома уште од 1992 година, а за клубот одиграл повеќе од 600 натпревари во Серија А. Иако освои само една титула, никогаш не размислувал за преселба во друг италијански клуб.

За разлика од него, најдобриот стрелец минатата сезона во Италија, за 90 милиони евра од Наполи се пресели во Јувентус. Со тоа го оствари најголемиот трансфер во Италија и третиот најголем во историјата на фудбалот. Игуаин ќе заработува 7,5 милиони евра годишно, а неговиот трансфер предизвика реакции и од навивачите на Наполи и од фудбалската јавност во Италија.

„Играчите денеска се како номади, ги следат само парите, а не срцето. Веројатно тоа е разликата меѓу мене и останатите. Нема многу спортисти кои го следат своето срце. Бираат да одат таму каде што ќе победуваат или каде што повеќе ќе заработуваат. Да мислев на парите, ќе го напуштев клубот уште пред десет години. Кај мене се работи за страст, а не за парите“ - изјави Тоти.

„Извесен период мислев да заминам во САД, но срцето избра да останам во Рома. Што се однесува до Кина, таму воопшто не можам да се замислам. Мојот однос со Рома со текот на времето стана како брак“ - вели Тоти.

Тоти додаде и дека посакува во Италијанското првенство да е дозволено да има само по двајца странци во тимовите.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе