Фит

Што не треба да правите пред вежбање?

6. мај 2017 - 11:01 | А.С.

Долго време се води дискусијата дали треба да се јаде пред тренинг или не.

Најновите истражувања покажуваат дека најдобар начин да постигнете напредок во остварување на вашите фитнес цели е да не јадете ништо пред тренингот.

Резултатите од најновото истражување објавено во списанието American Journal of Physiology на Универзитетот Бат покажуваат дека тоа е најефикасен начин да ги согорите мастите.

Во истражувањето биле вклучени испитаници со прекумерна тежина кои оделе на пешачење 60 минути на празен стомак. Потоа ја повториле постапката така што испитаниците јаделе пред вежбање, внесувајќи јаглени хидрати. На испитаниците им биле земени примероци крв пред и по вежбањето, и кога јаделе и кога биле гладни.

Гените во масното ткиво значително се разликувале во двата случаи, а два гена се зголемувале кога луѓето апстинирале од јадење.

Тоа сигнализира дека кога не јаделе, се трошеле мастите како гориво за метаболизмот за време на вежбањето.

Кога испитаниците јаделе пред тренинг, телото ги користело јаглените хидрати за енергија, така што мастите останувале непотрошени.

Коментирај