Архитектура

Што прво забележуваат гостите кога ќе влезат во вашиот дом?

19. ноември 2019 - 16:21 | М.С.

Сите знаеме дека првиот впечаток е исклучително важен, не само кога станува збор за запознавање со нова личност, туку и кога некој за првпат влегува во вашиот дом.

Истражувањето покажа дека на луѓето им се потребни само 38 секунди за да ги забележат деталите во вашиот дом.

Истражувањето кое беше спроведено на 2.000 луѓе од страна на Independent Network, откри дека три четвртини од испитаниците при првото влегување во нечиј дом, најпрвин го почувствуваат мирисот. За тоа им се потребни само осум секунди.

Освен мирисот, забележуваат колку е топло и дали сте подовите се чисти. Три од десет луѓе велат дека никогаш нема искрено да признаат што мислат за куќата на нивните пријатели.

Многумина испитаници откриja дека чувствуваат притисок кога треба да им дојдат гости, а дури 86 проценти признаваат дека детално ја чистат куќата.

Освен горенаведените работи, гостите го забележуваат и мебелот, валканите прозорци, книгите, бојата на ѕидовите и прашината.

Коментирај