Што работи спортскиот директор во фудбалските клубови?
Модерниот фудбал донесе многу измени на теренот, но уште повеќе се промени начинот на кој се раководат клубовите. Една од клучните новости е спортскиот директор, кој во последните неколку години се сретнува кај сѐ повеќе клубови во светот. Но, кои се неговите работни обврски?
Клубови како ПСЖ и Милан работат со спортски директор уште многу одамна, а голем дел од европските клубови почнаа да го следат нивниот чекор и најмуваат стручни лица за да ја пополнат оваа позиција. Најпознатиот пример од светскиот фудбал е Леонардо, кој во моментов ја пополнува таа позиција во францускиот шампион ПСЖ.
Важноста на спортскиот директор со текот на годините само ќе се зголемува, па затоа е подобро уште отсега да се информирате околу обврските и задачите на оваа позиција.