Рускиот потпретседател на владата, Дмитри Рогозин ги коментираше борбените задачи на најновиот руски ловец Sukhoi Su-35S и советуваше дека другите авиони не би требало да се споредуваат со него.
„Искрено не советувам некој да ги одмерува силите со оваа птица на сириското небо“ - напиша Рогозин на својот профил на Facebook.
Тој објави видео во кое се гледаат можностите на новиот руски ловец кој откако е во Сирија постојано е во состојба на готовност и изведува разни задачи.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=4EmHoRGm4_w]