Што се случува со нашето тело во вселената?
Луѓето имаат амбициозни планови за колонизација на Марс и приватни патувања во вселената, но дали знаете низ какви процеси минува човечкото тело додека патува во вселената?
Во новото видео на Life Noggin е објаснето за кои работи точно станува збор и како патувањето во вселена влијае на човечкото здравје. Иако НАСА не зборува многу на оваа тема, повеќето научници воопшто не ја ни истражиле можноста за тоа колкави се шансите човечкото тело да преживее на површината на друга планета, како на пример, на Марс.