Дали сте знаеле дека луѓето во текот на денот се смеат 17 пати? Ова видео на Business Insider објаснува што се случува во нашето тело кога се смееме. Различни делови на мозокот работат заедно за да можат луѓето да се смеат.
Смеењето го продолжува животот, ова сигурно сте го слушнале многупати. И не залудно е кажано, со оглед на тоа што многу студии досега покажале дека смеењето е поврзано со здравјето.
Една студија од Универзитетот во Мериленд го поврзува смеењето со здравите функции на крвните садови, со што се намалува можноста за срцев напад. Смеењето исто така го зголемува и подобрува имуниот систем.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=TT_-8UDpHig]