Главен извор на гастроинтестинални зарази

Што всушност се крие во водата од базените?

Пливањето или опуштањето се смета за корисно за нашето здравје. Но, тоа што се наоѓа под површината на водата во базените, ќе ве натера да размислите дали повторно ќе ги користите.

Професорката по микробиологија од Универзитетот Мурдок, Уна Рајан и стручњакот за заразни болести Симон Реид од Универзитетот Квинсленд, тврдат дека базените може да бидат главен извор на гастроинтестинални болести. Проблемот е што многу бактерии со кои луѓето се заразуваат на базените, никогаш не се идентификуваат, бидејќи повеќето од заразените во прв момент тоа не го поврзуваат со бањањето во базен. Како што објаснуваат стручњаците, базените се места каде лесно може да се заразиме со некоја бактерија, но со правилно користење на базените, ова може да се спречи.

Кои бактерии се појавуваат во базените?

Повеќето бактерии кои се појавуваат во базените потекнуваат од нашиот систем за варење. Паразитите Cryptosporidium и Giardia кои се појавуваат во базените се водечки причини на гастроентеритис во светот. Овие паразити може да предизвикаат пролив, дехидрација, губење на тежината, болки во стомакот, зголемена температура, тегоби и повраќање. Овие цревни паразити опстануваат во базените, бидејќи се отпорни на хлор, а мала количина од овој паразит може да зарази голем број на пливачи. Во базените се појавуваат и бактериите Shigella spp, Escherichia coli и Norovirus, a симптомите кои се јавуваат се слични со оние кои обично се поврзуваат од труење со храна - повраќање, пролив, зголемена температура и грчеви во стомакот. Добра вест е дека правилното хлорирање на базенот ќе ги уништи повеќето бактериски и вирусни патогени. Но, стручњаците советуваат пред и по користењето на базен задолжително да се туширате.

Дали е паметно да се нурка?

Стручњаците нагласуваат дека нуркањето во базен апсолутно не штети, но под услов во никој случај да не се напиете од водата. Исто така, нагласуваат дека повеќето од воспаленијата на ушите не се поврзани со водата од базените.

Дали мирисот на хлор е добар знак?

Иако повеќето од нас мислат дека мирисот на хлор кој обично го чувствуваме на базените е добар знак, тоа не е точно. Мирисот кој обично го поврзуваме со базените го предизвикува хлораминот, кој е одговорен за црвенилото на очите кое се јавува за време на пливањето, а може да биде тригер и за напади на астма и да предизвика иритација на кожата. Хлораминот е соединение кое се создава со мешање на хлор, бактерии, мокрача и пот. Целосно чистата вода во базен воопшто не треба да има мирис.

Колку често пронаоѓаат измет?

Урината е обично стерилна, така да освен непријатниот факт дека е присутна во базенот, таа не може да ви наштети. Но, со изметот е поинаку - неодамнешените студии покажуваат дека повеќето базени еднаш неделно имаат еден случај со измет, а кај повеќето ова се случува кај помладите деца.

Како да знаеме дека базенот е чист за користење?

Во ова не можеме никогаш да бидеме сигурни, но сите базени кои имаат интензивен мирис и каде може да забележите нечистотии по плочките, подобро е да ги избегнувате.

Што може да направиме за да се заштитиме?

Дури и најдобро одржуваните базени може да имаат микроорганизми. Како да се спречат заразите? Едноставно - кога сите би ги следеле упатствата кои ги пишува на сите базени и би се туширале пред и после влегување во базенот, кога не би пливале кога се болни, кога би внимавале на децата и би ги потсетувале да користат WC…

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе