Берлин, 10 јануари 2019 (МИА) – Вработените на три аеродроми во Германија – Диселдорф, Келн-Бон и Штудгарт денеска стапија во штрајк, барајќи зголемување на плата.
Штрајкот доведе до нарушување на воздушниот сообраќај во Германија. Штрајкот погоди 100.000 патници, а влијае и на другите аеродроми, како во Берлин, каде се откажани 90 летови.
Синдикатот Вер.ди бара на вработените на контрола на патници, артикли, како и на аеродромскиот персонал, да им се зголеми саатницата на 20 евра.