Тенис

Швајцарската сребрена монета од 20 франци ќе биде со ликот на Федерер

2. декември 2019 - 20:17 | МИА

Базел, 2 декември 2019 (МИА) – Тениската легенда Роџер Федерер ќе стане првиот жив човек со направена монета во негова чест – 20 франци со ликот на Маестро од јануари следната година.

Триесет и осум-годишниот тенисер, 20-кратен Гренд Слем шампион, многумина го сметаат за најголем во историјата на спортот и е национален херој на Швајцарија. Swissmint потврди дека 55.000 од монетите, вклучително и Федерер кој изведува бекхенд, ќе бидат произведени и достапни за претпродажба во вторник на 19 декември.

– Спортските достигнувања на Роџер Федерер, неговите добротворни иницијативи, неговиот одличен карактер го поттикнаа Swissmint да му ја посвети оваа сребрена монета од 20 франци – за првпат тоа да се случи на жива личност, изјави портпаролот на Swissmint.

Во пресрет на големата побарувачка, Swissmint сподели дека уште 40.000 би можеле да бидат пуштени во продажба во мај, додека златната паричка од 50 франци, која има различен дизајн, исто така, ќе се произведува во 2020 година.

„Благодарам, Швајцарија и Swissmint, за оваа неверојатна чест и привилегија“, напиша самиот Федерер на Twitter.

Последната спортско-ориентирана комеморативна монета беше објавена во 2015 година и го слави Хорнусен – традиционален швајцарски спорт што го практикуваат земјоделците (мешавина меѓу голф и бејзбол).

Коментирај