Авто новости

Шварценегер ѝ подари Tesla на Грета, а се вози во „ѕвер“ на нафта

18. ноември 2019 - 15:23 | А.С.

Откако со децении промовираше воени возила, Арнолд Шварценегер реши да се искупи и изминатите години вози и промовира еколошки прифатливи возила.

Кога дојде на функцијата гувернер на Калифорнија се откажа од „ламјата“ Hummer, а пред неколку години го продаде и Unimog, работничкото возило на Mercedes покрај кое G-Class изгледа анемично.

Арни возеше и тенк, а потоа одеднаш премина на велосипед и почна да вози само електрични автомобили, па набави дури и електрична преработка на Hummer.

Во септември годинава, Шварценегер ѝ подари Tesla Model 3 на младата еко-активистка Грета Тунберг, за да ѝ биде на располагање за патувањата во САД и Канада. Шварценегер тогаш рече дека бил импресиониран кога ја запознал Грета во Австрија и се обврзал дека ќе направи сè за да ѝ помогне.

Ова беше одличен ПР момент за него, но не помина многу време и Арни се врати на старите „пороци“.

Од сите возила на светот, тој сега одбра Pinzgauer, и тоа 6x6 верзија што со децении се води како теренско воено возило. Со овој „ѕвер“ располагаше и војската на поранешна Југославија.

Фер да се нагласи дека Шварценегер сепак, колку-толку мислел на екологијата.

Ја купи фабричката изведба 6x6 718K што има 2,4-литарски шестцилиндарски дизел мотор на VW што троши и до 15 литри нафта на 100 километри, а потоа ја прати на доработка.

Дечките во S-Tec го модифицираа возилото согласно бараата на Шварценегер. Погонскиот мотор е засилен од 112 на 180 коњски сили, но со значително помала потрошувачка на гориво.

Моделот Pinzgauer е роден во 1971 година во Грац, Австрија во фабриката Magna-Steyr, а се произведува и денес. Во овој австриски град исто така е роден Арнолд Шварценегер. Можеби со годините Арни станал сентиментален, па со купувањето на возилото нашол изговор почесто да патува во родната Австрија.

За какво возило станува збор, погледнете ТУКА.

Коментирај