Сибиу: Градот во кој куќите имаат очи

Сибиу е средновековен град во романскиот регион Трансилванија, а покрај историското наследство поврзано со германското културно влијание, градот е препознатлив по очите на покривите на куќите, т.е. прозорци кои даваат ефект на тоа како да куќите ве следат внимателно при секое движење.

Очите, кои се симбол и туристичка атракција на градот, му дадоа на Сибиу прекарите „Град со очи“ и „Град во кој куќите не спијат“.

Списанието Forbes го вклучи во листата на 10-те најидилични места за живеење во Европа. Има околу 150.000 жители и се состои од горен и долен центар поврзани со испреплетени улици.

Зградите во готски стил го одразуваат унгарско-германското влијание, а многу од нив имаат заедничка карактеристика со тоа што на покривите со тешки ќерамиди имаат мали прозорци на таванот што се појавуваат како капаци кои гледаат кон вас.

Можат да се видат обични куќи со две очи, но исто така може да сретнат куќи со три, четири или дури пет очи.

Сибиу некогаш бил административен центар и главен град на Зибенбиргер Захсен, германското население во Трансилванија. Луѓето тврдат дека германските окупатори во регионот намерно ги изградиле очи за да всадат страв кај луѓето - да знаат дека секогаш ги набудуваат и дека затоа мора да се однесуваат соодветно.

Исто така, интересно е што очите на Сибиу во 2017 година станаа симбол и еден вид лого на демонстрациите против корупцијата во владата. Со оглед на тоа што овој град е еден од културните метрополи во земјата и воедно еден од поразвиените градови - демонстрантите рекоа дека создаваат „област без корупција“ со очите на Сибиу како симбол на нивната постојана будност.

Денес, очите на Сибиу се туристичка атракција во регионот што привлекува внимание со својата уникатна архитектура.

Тагови
реклама

Архитектура

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Топ 20 мегапроекти што ќе бидат завршени во 2024 година

Read more

Тоне еден од најголемите градови во светот

Read more

Со бетон што апсорбира CO₂ изградена куќа во Јапонија

Read more
 

Магазин

Популарна диета за 23% го намалува ризикот од прерана смрт

Читај повеќе
  • play_arrow

Мечка упаднала во куќа во Калифорнија и излегла со колачиња

Читај повеќе

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Читај повеќе

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Знаци дека траумите од минатото влијаат на вашите врски

Читај повеќе

Храна што може да ја јадете и пред спиење без страв од тегоби

Читај повеќе

Викенд хороскоп од 31 мај до 2 јуни: Месечината влегува во Овен

Читај повеќе

Како правилно да ги перете белите алишта?

Читај повеќе

Што може да се случи во телото ако претераме со внесување калциум?

Читај повеќе