Сијарто: Груевски сите граници ги премина легално

Скопје, 20 ноември 2018 (МИА) – Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, во интервју за Дојче Веле изјави дека ниту неговата земја, ниту поранешниот македонски премиер Никола Груевски не прекршиле ниту еден закон со тајното патување до Унгарија.

Според него, нема ништо спорно во тоа што Груевски преминал четири граници во придружба на унгарски дипломати. Ни тој факт не го прави прашањето политичко, вели Сијарто.

„Не е тоа прашањето. Прашањето е дали ги преминал границите согласно меѓународните и националните правила. И одговорот е: да, го сторил тоа. Откако се пријавил во унгарската амбасада ги преминал сите граници до Унгарија во согласност со меѓународните и националните правила. Со исправна документација“, вели Сијарто.

Шефот на унгарската дипломатија инсистира дека се работи за правен, а не за политички случај. Тврди дека одлуката за барањето азил на Груевски ќе ја донесе независно тело врз кое унгарската влада нема влијание.

„Се работи за правна процедура, која има методологија водена од унгарските и меѓународни закони. Одлуката ќе ја донесе релевантно тело, а тоа е независно тело и ние како влада немаме влијание врз него“, вели Сијарто.

Според информации објавени денеска во дел од провладините унгарски медиуми, тамошните власти веќе донеле одлука за барањето за азил на Груевски. Се шпекулира дека барањето е прифатено. Македонските власти се уште немаат официјална потврда на оваа информација.вг

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Регион

Пленковиќ и Мицотакис се можни наследници на Фон дер Лајен

Read more

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more
 

Вести

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе