Земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтерова скала бил регистриран денеска во 10 часот и 23 минути во Јадранско Море.
Според информациите на ЕМСЦ земјотресот бил на длабочина од 10 километри, 94 километри југозападно од Дубровник и на 154 километри од Подгорица, во Јадранското Море.
Жителите на Дубровник велат дека почувствувале благи потреси, пренесуваат хрватските медиуми.