Во текот на ноќта во Грција близу границата, имаше неколку земјотреси, кои се почувствуваа и кај нас. Најголемиот беше со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресите биле почувствувани во Охрид, Струга, Битола, па дури и во делови од Скопје. Беа регистрирани уште неколку земјотреси со послаб интензитет од околу 4 степени.