Силуваното тринаесетгодишно девојче од домот „25 Мај“ имало макро

Силуваната тринаесетгодишна ромска девојка, штитеник на државната институција за згрижување деца „25 Мај“ имала макро, според нејзините изјави давани во полиција, за кои информираше и Министерство за труд и социјална политика.

МВР и дополнително истражува дали девојчето доброволно ги вршело сексуалните дејствија, бидејќи таа посочувала лица со име и презиме, за кои велела дека е во љубовна врска, а потоа ги менувала изјавите.

Таа повеќе пати била пријавувана како исчезната од страна на старателот назначен по службена должност откако била одземена од биолошкото семејство. Од страна на МВР, била зебележувана и приведувана на коцката кај МКЦ, а потоа од домот „25 Мај“ била однесена во Безбедна куќа каде се сместуваат жртвите на сексуално насилство, за по нејзина желба, да го напуштила овој згрижувачки шелтер центар. Министерството за труд и социјална работи вели дека за посочената малолтеничка имало посебна грижа, но без резултати. Секој пат кога девојката ја снемувло од домот, старателот пријавувал во МВР. Според изјавите кои девојчето ги давало во МВР, а за кои информираше МТСП, таа од лице кое го знаела, била носена низ пет општини во Македонија, каде давало сексуални услуги, но некогаш била и злостовувана.

Од Европскиот центар за правата на Ромите велат дека девојката била принудувана на сексуални односи од страна на вработен во домот „25 Мај“, а пак минситерката Мила Царовска го негира ова. Министерката Царовска вели дека тоа го потврдуваат и изјавите на девојчето кои ги давала во полиција, во неколку наврати. Девојчето посочувало лица со кои доброволно имала секс, а во одредени случаи била и присилувана. Ова се случувало од септември минатата година до сега. Министерството, негира дека девојчето било принудно зимано од објектот на домот.

Старателот и институцијата не можеле да и го ограничат правото на движење, ниту да ја спречат во преземените дејствија, бидејќи домот „25 Мај“ е институција од отворен карактер. Старателот случаите ги пријавувал во МВР, а девојката била згрижувана и во шелтер центарот за трговија со луѓе, од каде, по нејзина желба била вратена во домот. Според законските регулативи, старателот не смеел да и го попречи движењето.

Тринаесетгодишната девојка била одземена од нејзините родители во 2011 година поради питачење, а потоа до 2016 година била во пет семејства, каде не можела да се адаптира. Нејзините родители имале и деца, кои починале како последица од консумирање на дрога. Абортусот кој бил направен бил по желба на девојчето, а одлука на старателот.

МТСП информираше за овој случај, по вчерашната реакција на Европскиот центар за правата на Ромите, кој што наведе, девојчето било принудно земано од постар маж вработен во институцијата, а потоа ја носел во друг град каде била силувана. МВР во текот на денот ќе излезе со детали од постапувањето по пријавите за оваа малолетничка.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе