Симон Трпчески со став за спорот меѓу џезерите и Македонската филхармонија

Создавањето на Национален оркестар за џез музика е добредојден чин што Македонската филхармонија го поздравува. Но, сместувањето на двата музички ансамбли како две национални установи во еден дом, под еден покрив е неприфатливо од причина што ќе создаде низа непријатности во административното работење и ќе се одрази врз конструктивноста, креативноста и продуктивноста и на двете национални установи, ова е ставот на Симон Трпчески за салата на Македонската филхармонија.

Ова, како што вели се потврдува со повеќе аргументи, бидејќи пред сѐ, новоформираната национална установа не е компатибилна со дејноста на Македонската филхармонија, иако е во сферата на музиката. Објектот на Македонска филхармонија е наменски изграден за потребите на музички оркестри како гудачки квартет, дувачки квинтет, перкусионисти и не компатибилна за друг музички правец. Се мешаат две различни категории.

Создавањето на посебен простор за Националниот џез оркестар е решение и идеја поздравена и од едно од нашите најеминентни музички имиња, како Симон Трпчески кој во својата поддршка за Македонска филхармонија вели:

„Уметноста и културата се сржта на еден народ. Лично, многу ја почитувам џез музиката како и нејзините исполнители. Таа е од огромно значење за шареноликоста на нашата музичка и културна сцена. Ако има потреба поддржувам изградба на посебен простор за нив со сите услови за креативност, во кој секако ќе уживаме сите заедно. Додека, пак, салата на Македонската филхармонија, се надевам ќе остане да биде исклучиво дом на нашиот најреномиран оркестар и музички амбасадор на Македонија. Салата на Македонската филхармонија треба да остане стожер, пред сѐ, на врвовите на класичната музика, без правење преседан невиден во филхармониските институции во светот, секако со концертна отвореност за високи музички дострели какви што се и тие на нашите џез музичари“, истакнува Трпчески.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Култура

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Read more

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Read more

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе