Синот на Ел Чапо уапсен, па ослободен – Мексико гори, нарко картелите сеат страв и трепет

Тешки престрелки избувнаа во Северно Мексико, откако силите за безбедност уапсија еден од синовите на нарко босот Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо, кој отслужува затворска казна во САД.

Вооружените престрелки траеја неколку часа откако Овидио Гузман Лопез (28) беше откриен и фатен во рутинска патрола во градот Кулиакан.

Во снимките објавени на локалните телевизии може да се видат вооружени лица со тешко наоружување како пукаат кон полицијата, а на улицата се расфрлани оштетени возила, мртви тела и изгорени барикади.

Овидио подоцна беше ослободен „за да се одбегне понатамошно насилство“, рекоа властите.

Мексиканскиот министер за безбедност Алфонсо Дуразо изјави дека патрола на вооружената полиција Национална гарда била пресретната со отворен оган од правец на куќата каде Овидио престојувал, при што полицајците морале да се повлечат.

Синот на Ел Чапо бил уапсен во акцијата, но подоцна бил пуштен „за да се одбегне повеќе насилство во областа и да се заштитат животите на нашите полицајци, но и да се врати мирот во градот“, рече Дуразо.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор рече дека ќе одржи средба на неговиот Кабинет за безбедност на кој ќе се дискутира за инцидентот.

Обрадор беше избран благодарение на предизборните ветувања за сузбивање на нарко картелите. Откако дојде на власт ја формираше новата безбедносна единица Национална гарда чија задача е да се справува со нарко картелите.

Под водство на Ел Чапо, картелот Синалоа беше најголемиот снабдувач со дрога за САД.

Откако тој е во затвор, се смета дека картелот делумно го контролира Овидио, врз кого се покренати обвиненија за шверц на дрога во САД.

Ел Чапо (62) беше осуден по 10 точки од суд во САД, вклучувајќи шверц на дрога и перење пари.

 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе