Сириски сили влегоа во град во близина на границата со Турција

Дамаск, 14 октомври 2019 (МИА) – Сириски владини сили влегоа во Тал Тамр, град во северниот дел на земјата во близина на границата со Турција, за да „се спротивстават на турската агресија“,објави сириска новинска агенција Сана.

Агенцијата не објави други детали.

Жителите на Тал Тамр, кој се наоѓа на околу 20 километри од границата со Турција, го поздравија доаѓањето на сириските сили, јавија светските агенции.

Во извештаите не се наведува од која област дошла сириската армија во градот.

Курдската администрација во северна Сирија претходно објави дека е постигнат договор со Владата во Дамаск за распоредување на сириски трупи во близина на границата со Турција за да се одговори на офанзивата што ја спроведува Анкара.

– За да ја спречиме и да се спротивставиме на агресијата, постигнат е договор со сириската Влада според кој сириската армија може да се распореди долж сириско-турската граница за да им помогне на Сириските демократски сили (СДФ), објави курдската администрација на својот профил на Facebook.

Во соопштението Курдите наведуваат дека договорот со Дамаск „отвора пат за ослободување на другите сириски градови кои ги окупира турската армија, како Африн“. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе