Сириските курди побараа од Москва и Дамаск заштита од Турција

Дамаск, 7 октомври 2019 (МИА) – Москва и Дамаск се должни да ги заштитат териториите што се наоѓаат под контрола на сириските Курди, изјави советникот во администрацијата на автономијата на северот и истокот од Сирија (AANES) Бадран Џакурд.

Сириските демократски сили (СДС) претходно соопштија дека американските сили си заминале од границата со Турција во Северна Сирија, нарушувајќи го постигнатиот договор со курдските сојузници.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, исто така, изјави дека американските војници ја напуштаат територијата во Северна Сирија, каде Турција планира да спроведе воена операција против курдските сили.

- Москва и Дамаск треба да ја преземат одговорноста за заштита на нашиот регион од турскиот напад, затоа што тоа, исто така, ќе ги засегне руските интереси, рече Џакурд.

„Секогаш сме признавале и верувале во важноста од водењето на сериозен дијалог со Дамаск. Секогаш ќе бидеме отворени за постигнување на оваа цел. Русија може да одигра улога во ова и веруваме дека тоа ќе биде од исклучително големо значење“, рече Џакурд.

- Ќе направиме сѐ што е можно да го заштитиме нашиот регион од секакви напади и да го заштитиме нашиот народ. Се надеваме дека Русија ќе успее да ја одигра својата улога во обновување на дијалогот за надминување на кризата во Сирија и сме подготвени за оваа цел да го обновиме дијалогот со Дамаск, додаде Џакурд.

Тој забележа дека денешната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп не им служи на напорите за постигнување на мирот и борбата со тероризмот. Според него тоа покажува дека „двајцата сојузници во НАТО постигнаа спогодба за зачувување на нивните интереси заради нивниот стратегиски сојуз и покрај разликите меѓу нив“.

- Почеток на секоја војна во нашиот регион ќе има катастрофални последици за сите земји. Тоа ќе се одрази не само на Курдите, туку и на постоењето на другите заедници, како Асирците, Ерменците и Арапите, рече советникот.

Според него, Турција ќе искористи радикални групи за создавање на меѓурелигиски конфликт. Тој додаде дека заканата доаѓа и од илјадниците борци на терористичката Исламска држава и нивните семејства.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе