Сјајниот бисер го напушта Ајакс: Френки де Јонг ја одбра Барселона

Европските фудбалски медиуми пренесуваат дека младата ѕвезда на Ајакс, Френки де Јонг се согласил да направи трансфер во Барселона, откако во изминатиот месец беше на мета на неколку гиганти од Стариот континент.

Младиот играч од средниот ред веќе подолго време се наоѓа на радарот на некои од најголемите европски клубови, поради неговите импресивни натпревари во дресот на Ајакс и холандската репрезентација.

Френки де Јонг (21) наводно веќе го договорил неговиот трансфер во шпанскиот шампион Барселона, притоа одбивајќи ги понудите од Манчестер Сити и ПСЖ. Според холандскиот De Telegraf, раководството на Барселона се согласило да исплати 90 милиони евра – повеќе од било кој од другите клубови.

ПСЖ имаше значително помала понуда за него, во висина од само 75 милиони евра, додека Манчестер Сити не можеше да си дозволи да потроши толкава сума поради тоа што веќе има насобрано поголем долг во Финансискиот фер плеј.

Холанѓанецот сезонава одигра 16 натпревари за Ајакс во првенството, притоа постигнувајќи 3 гола. Неговиот најголем квалитет е пас играта и тој е познат како еден од најдобрите млади плејмејкери во фудбалска Европа.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе