Филм & ТВ

Сѐ е е простено: Џејмс Ган сепак ќе го режира „Guardians of the Galaxy 3“

17. март 2019 - 12:38 | А.С.

Disney го врати посрамотениот режисер Џејмс Ган во проектот „Guardians of the Galaxy 3“ по помалку од една година откако беше избркан поради контроверзни објави на Twiiter.

Филмската компанија соопшти дека јавното извинување на Ган и поддршката од актерите кои работеле со него на франшизата биле причината зошто шефот на Walt Disney Studios Алан Хорн решил да му ја понуди пак работата во проектот вреден 1,6 милијарди долари.

Ган беше избркан од франшизата откако беше откриено дека објавувал твитови што содржеле коментари за педофилија, силување, мастурбација и други слични теми. Иако тој рече дека коментарите биле „шокантни шеги“, сепак јавноста и Disney во тоа време не ги сфатија така.

Ган се обрати на јавноста и истакна дека е неизмерно благодарен што добил втора шанса. Откако се раздели со Disney, Ган потпиша договор за режирање на филмот „Suicide Squad 2“ што претставува високобуџетна адаптација на стрипот.

Иако режисерот потпиша договор со ривалите DC и Warner Bros, Disney сепак реши да го побара назад и да му ја довери режисерската улога.

Коментирај