СЈО бара мерка за претпазливост за Груевски, притвор за Талески и за началникот на УБК

Специјалното јавно обвинителство ги прими одлуките на Претседателот Ѓорге Иванов за поништување на аболицијата и продолжува со постапките кои ги отвори пред да биде донесена аболицијата, а во кои како првоосомничени се јауваат високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.



Од Обвинителството испратија соопштение до јавноста во кое прецизираат кој случај до каде е и какви мерки бараат. 

Се бараат мерки за претпазливост за поранешниот премиер и претседател на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, притвор за градоначалникот на Битола, Владимир Талески и за началникот на Петтата управа, Горан Грујовски.

Од случаите кои се под надлежност на Специјалното јавно обвинителство, единствено за случајот „Пуч“ во којшто е обвинет лидерот на СДСМ, Зоран Заев, почна судски процес којшто беше запрен со донесувањето на одлуката за аболиција. 

Сега СЈО бара Апелациониот суд да го укине решението на Основниот суд Скопје 1 за да продолжи кривичната постапка за овој предмет. 

Продолжува и првиот случај што го отвори Специјалното јавно обвинителство „Титаник“, за злоупотреба на изборите во којшто се осомничени се поранешните министри Јанкулоска и Јанакиески. 

Иако СЈО бараше притвор за нив, Судијата на претходна постпака не им одреди мерки за обезбедување на осомничените.

Обвинителството пак бара мерки за претпазливост против шестмината осомничени во случајот „Тортура“, односно за нечовечкото постапување при апсењето на поранешниот Министер за внатрешни работи и лидер на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски. 

За првоосомничениот во овој случај, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков нема барање за притвор исто како и претходно, бидејќи Обвинителството смета дека не постои опасност од бегство и нему не му беше одземена ниту патната исправа. 

Во овој случај осомничен е и актуелниот командир на „Алфите“, Ивица Антевски Пуки, кој учествуваше во апсењето на Бошкоски. 

Притвор како и претходно се бара и за началникот на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски за предметот под име „Тврдина“ кој се однесува на незаконска постапка за уништување на опрема за следење на комуникациите, поточно два технички системи. И покрај тоа што опремата не била технички застарена и била функционална, била уништена. 

За останатите четворица осомничени во овој случај, меѓу кои и Јанкулоска, има поднесено предлог за определување на мерки за претпазливост. 

Истражна постпака ќе биде спроведена и против градоначалникот на Битола, Владимир Талевски за случајот „Транспортер“, односно за малверзации со ученичкиот превоз. 

За него не беше поведена истражна постпака за овој случај бидејќи при отворањето на овој случај тој беше помилуван од страна на Претседателот. 

Обвинителството за него поднесе и предлог за определување на притвор, а медиумите објавија дека Талевски денеска бил донесен на распит во Скопје, но не е познато во која институција. Единствено од Основниот суд Скопје 1 тврдат дека Талевски не е донесен на распит во судот. 
 
„По однос на привремените мерки за обезбедување на имотноправно барање, Ве известуваме дека до Основен суд Скопје 1 Скопје е поднесен предлог кој беше вратен на доуредување, но ниту од Државното правобранителство ниту од Министерството за образование и наука сеуште не се доставени предлози за остварување на имотно правно барање, иако тоа од наша страна беше побарано“, соопштуваат од СЈО.

Обвинителството поднело предлози за определувањње на мерка за претпалзивост против првите тројца осомничени во случајот „ТНТ“, однсоно за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Горан Груевски, поранешниот Министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и и за градончалникот на Гази Баба, Тони Трајковски.

За нив е отворена истражна постпака за незаконско рушење на станбено деловниот објект „Космос, во сопственост на бизнименот, Фијат Цановски, кое, според СЈО, било направено заради политичка одмазда. Обвинителството претходно не ги гонеше поради одлуката за аболиција која беше на сила кога беше отворен и овој случај.

„Во делот на видовите на мерки кои се предложени од страна на ова Јавно обвинителство, до Основниот суд Скопје се поднесени соодветни предлози за определување на мерки, кои за секој конкретен случај се различни“, се вели во соопштението.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе