Македонија

СЈО го истражува финансиското работење на МПМ, вработените на штрајк

17. февруари 2017 - 13:48 | Макфакс

Истражители на Специјалното јавно обвинителство влегле во просториите на Медиа Принт Македонија, издавачка куќа чии вработени денеска излегоа на штрајк поради неисплатени плати.

Според информациите, тие го истражуваат финансиското работење на компанијата, но не откриваат детали за кој случај станува збор.

Од утрово најголемиот дел од новинарите и другите медиумски работници вработени во МПМ штрајкуваат поради незадоволството од неисплатените плати и водењето на компанијата.

Компаниите „Орка Холдинг“ управувана од Јордан Камчев и компанијата „Интернет Инвестмент Груп“ чиј што сопственик е Јана Станисаљева излегоа од сопственичката структура на „Графички центар ДОО“, долгогодишен сопственик на Македонија Медиа Принт (МПМ), издавач на весниците „Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“, „Македонски спорт“, порталот „Телеграф“, магазинот „Теа модерна“.

Според последните издадени документи од МПМ сега сопственици се „Мирекс Плус“ и „Телеграф“, кој што е сопственост на МПМ или, во превод, Камчев и Станисаљева го оставаат Срѓан Керим како единствен сопственик на оваа издаваштво. Јана Станисављева останува на позицијата генерален директор на МПМ.

 

Коментирај